ЗА НАШИОТ ПРОЕКТ

Обука на родителите за инклузивно STEAM образование на децата со аутизам

Опис на проектот

Проектот STEAMing Ahead е посветен на унапредување на STEAM образованието за малите деца, особено за децата со нарушувања од спектарот на аутизам (НСА) и други невро-развојни нарушувања. Различните области од STEAM образованието се многу значајни за успех во денешниот свет кој брзо се развива и е управуван од технологијата. Поради зголемената потреба од ваквата едукација, нашиот проект се фокусира на развивање едукативни материјали и ресурси кои се соодветни на возраста и приспособени на потребите на овие деца.

Покрај создавањето на ресурси, STEAMing Ahead проектот овозможува темелна обука и поддршка за родителите, давајќи им можност да ги негуваат интересите за STEAM темите, кај децата од најмала возраст. Проектот исто така има за цел да ја зголеми свеста кај родителите, едукаторите и пошироката заедница за важноста на инклузивното STEAM образование, водејќи грижа за сите деца, без разлика на нивните развојни потешкотии, да имаат можност да учествуваат и да напредуваат во овие важни области.

За да се постигнат овие цели, проектот е структуриран на четири главни активности: А1: Проектен менаџмент, А2: Поттикнување на учење за STEAM од најмала возраст: Книга за активности, А3: Поттикнување на учење за STEAM од најмала возраст: Обука на родители и А4: Дисеминација и комуникација. Преку интегрираните резултати од овие активности, STEAMing Ahead има за цел да го максимизира своето влијание, не само врз целните групи, туку и врз поширок опсег на засегнати страни, со што станува значајна алатка за поддршка во образованието и инклузијата.

Вклучување на децата со аутизам во STEAM активности

🟢 Активно ги вклучува децата со аутизам и/или невро-развојни нарушувања во STEAM активности.

🟢 Ги подобрува нивните интереси, когнитивни вештини и способности за решавање на проблеми во клучните области.

Поддршка на обучувачи за образование на возрасни и пошироко влијание

🟢 Ги подготвува обучувачите за образование на возрасни ефективно да ги поддржуваат и да ги насочуваат родителите.

🟢 Нуди придобивки за сите засегнати страни во инклузивното образование, подобрувајќи ги образовните резултати и професионалниот развој.

🟢 Поттикнува долгорочен успех и раст на партнерските организации, промовирајќи поинклузивно и информирано општество.

Зајакнување на родителите и старателите

🟢 На родителите и старателите, им обезбедува алатки и знаење за поддршка на едукација на нивните деца за STEAM.

🟢 Ги подготвува децата за идни кариери во областите на STEAM за кои денес има голема побарувачка.

0

Партнери

0

Активности

0

Резултати

0

Настани

Активности на проектот Steaming Ahead

Активност 1

Проектен менаџмент и прв состанок

Активност 2

Поттикнување на учење за STEAM од најмала возраст: Книга за активности

Активност 3

Поттикнување на учење за STEAM од најмала возраст: Обука на родители

Активност 4

Дисеминација и комуникација

Запознајте го нашиот конзорциум

Финансирано од Европската Унија. Искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на Европската Унија или Европската извршна агенција за образование и култура (EACEA). Ниту Европската Унија ниту EACEA не можат да бидат одговорни за нив. 2023-2-MK01-KA210-ADU-000174037

steamingaheadproject@gmail.com

КОНТАКТ

PRIVACY POLICY

© 2024 STEAMINGAHEAD. All Rights Reserved Design & Developed 🔐 by The Hive

Skip to content